Шахпаска: Финансиската помош го зголеми бројот на невработени за време на пандемијата

Министерката за труд и социјална политика  посочи дека преку Оперативниот план на програми и мерки и заедно со Агенцијата за вработување работат на побрзо враќање на пазарот на трудот на лицата кои останале без работа како последица на пандемијата со ковид-19.

385

Податоците кои покауваат зголемување на невработеноста се и од новите млади граѓани до 29 години кои првпат се пријавуваат во Агенцијата за вработување, како и од одреден број  граѓани кои во изминатиот период работеле по основ на авторски договори, работеле со договор на дело или биле отсутни од државата подолг период и не се пријавувале во Агенцијата за вработување, а сега се мотивирани заради четирите пакети економски мерки во кои се вклучени невработените и добиваа финансиска поддршка – рече министерката Јагода Шахпаска коментирајќи го зголемувањето на бројот на невработени пријавени во Агенцијата за 0,3 отсто споредено со лани.

Министерката за труд и социјална политика  посочи дека преку Оперативниот план на програми и мерки и заедно со Агенцијата за вработување работат на побрзо враќање на пазарот на трудот на лицата кои останале без работа како последица на пандемијата со ковид-19.






-Дури и во услови на пандемија каква што е оваа со ковид-19, Оперативниот план на програми и мерки во одредени мерки има висок процент на реализација. Тука би сакала да ја истакнам мерката за субвенционирање на плати којашто е исполнета со 100 проценти, мерката за самовработување која  исто така има висока реализација блиску до 100 проценти, понатаму проектот Гаранција за млади преку кој 21 500 млади влегле во Агенцијата за вработување и од нив 6000 успеале да се вработат –  рече Шахпаска.

 

Поврзани содржини