СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ СО ГЛАВА КРШАТ БЕТОНСКИ БЛОКОВИ Ким Јонг Ун задоволен од егзибицијата ВИДЕО
Видеото е направено за време на егзибициjата на одбранбените способности на војската која е одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.
Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки …
Видеото е направено за време на егзибициjата на одбранбените способности на војската која е одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.
На видеото се гледа како војниците со раце и со глави уништуваат ќерамиди и плочки. Тие лежат на парчиња стакло и на шајки додека други војници им кршат бетонски плочи на телата.
Големото финале на егзибицијата покажува двајца војници кои со вратовите виткаат железни шипки и со мускулите на нозете кршат синџири свиткани околу телата.
Севернокорејските медиуми наведуваат дека егизбицијата е за да им покажат на непријателите дека војниците имаат железни раце со кои го штитат мирот.