Северна Македонија и во личните карти, се менува Законот за лични карти
Законските измени предвидуваат и имплементирање на Законот за јазици според кој во личните документи податоците за лицето ќе бидат напишани на македоснки јацик ќе бидат напишани и на јасикот кој го говори граѓанинот.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање денеска е пред Собраниската Законодавно-правна комисија.
Според она што е предвидено со измените во личните документи треба да стои новото име на државата и да се имплементира законот за употреба на јазиците кој предвидува во личните документи податоците за граѓанинот да бидат напишани на македоснки јазик и на јазикот кој го говори граѓанинот.
Донесувањето на овие измени предвидуваат и проемна на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во насока на нивно усогласување со новиот Закон за употреба на јазиците, како и нивно усогласување со уставниот амандман ХХХIII во однос на усогласување на називот на државата, како и усогласување со уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.
Моментално издадените личните карти со име на државата „Република Македонија“, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдоцна до 12 февруари 2024 година.
Овој законќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
По донесување на Уставниот закон и Законот за употреба на јазиците, Министерството за внатрешни работи потпиша Рамковна спогодна за набавка на хардвер и софтвер за изготвување на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци), за чија реализација беа обезбедени финансиски средства во Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 6.563.436,45 евра и веќе, согласно утврдена временска динамика, се врши исплата.
„Наведените финансиски средства се однесуваат за целиот пакет на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и дозволи за престој на странци). Истовремено, укажуваме дека финансиските средства се враќаат согласно динамиката на издавањето на личните документи на граѓаните“, стои во предлог-текстот на Законот.