📷 СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ПОФАЛИ СО ЧУДОВИШТЕ ОД БРОД Тежок е 5.000 тони и опремен е со најмоќното оружје

Ким им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разорувач, кој „ја следи партиската линија за зајакнување на военопоморските сили“. 

495

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА.

– Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија – изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг.






Ким им се заблагодари на работниците и техничарите за изградбата на новиот разорувач, кој „ја следи партиската линија за зајакнување на военопоморските сили“.

Поврзани содржини