Северна Кореја: Коронавирусот се пренесува и преку инфекција на окото

Постои опасност од пренесување на инфекцијата и преку окото. Респираторниот систем не е единствен начин на кој се пренесува вирусот, пишува весникот, воедно советувајќи ги лекарите да носат очила при преглед на пациентите.

656

Северна Кореја апелираше денеска на своите граѓани да не посетуваат фреквентните области, нагласувајќи дека Ковид-19 може да се пренесе и преку инфекција на окото.

Весникот „Родонг Синмун“ објави, повикувајќи се на студија направена во странство, дека мерките за социјално дистанцирање се неопходни, бидејќи новиот коронавирус е позаразен отколку сите претходни.






– Постои опасност од пренесување на инфекцијата и преку окото. Респираторниот систем не е единствен начин на кој се пренесува вирусот, пишува весникот, воедно советувајќи ги лекарите да носат очила при преглед на пациентите.

„Родонг Синмун“ наведува дека е потребно да се држи растојание меѓу луѓето и да се избегнуваат гужви.

Друг севернокорејски весник, „Уриминзокири“, објави дека сите копнени, воздушни и водени граници се затворени и воведени се стриктни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Поврзани содржини