СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСПРАЌА НОВА ТУРА ВОЈНИЦИ ЗА РУСИЈА Досега испрати околу 15.000
Северна Кореја, исто така, ја снабдува Русија со муниција и артилерија.
Северна Кореја мобилизира дополнителни војници за во Русија, соопшти јужнокорејската разузнавачка агенција (НИС), пренесува ДПА.
Во извештајот на НИС се наведува дека од септември околу 5.000 севернокорејски војници се преместени во Русија за градежни работи, заедно со уште 1.000 деминери, јави денеска агенцијата Јонхап, повикувајќи се на парламентарен разузнавачки комитет.
НИС, исто така, наведува дека речиси 10.000 севернокорејски војници се стационирани во близина на руско-украинската граница, каде што се задолжени за стражарски должности, потсетува ДПА.
Северна Кореја од минатата година ја интензивираше својата воена соработка со Русија.
Јужнокорејската разузнавачка агенција проценува дека Пјонгјанг испратил околу 15.000 војници за да ја поддржи Русија во украинската војна.
Северна Кореја, исто така, ја снабдува Русија со муниција и артилерија, пренесува ДПА.