Северина „се искрши“ на сцена среде концерт во Врњачка Бања (ВИДЕО)

4,363

Хрватската пејачка Северина во саботата одржала концерт во Врњачка Бања, на кој временската прогноза како и во поголемиот дел од регионот не му беше наклонета.

И покрај дождот, верната публика била присутна, па Северина била понесена од целата глетка и атмосфера, така што ниту војничките чизми не ја спречиле весело да скока на сцената.






Во својот занес, пејачката малку го потценила растојанието од звучникот на мониторот кој се наоѓал зад неа, се заглавила и паднала врз него.

Гитаристот кој бил во близина сакал да ја крене пејачката, но задоцнил, па во првите редови на публиката избувнало громогласно смеење.

„Вредеше… Заради вас 20.000 под чадорите. Благодарам, Врњачка Бања…“, напишала таа со споделеното видео, а бидејќи за среќа сѐ завршило добро, Северина се пошегувала на своја сметка.

– Еве концертот заврши. Беше фантастично. Малку го повредив ‘рбетот, но вредеше, како што би рекле луѓето, вредеше – рекла Сeверина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини