СЕВЕРИНА ОТИШЛА НА НАСТАН СО ТРАМВАЈ, СЕ ВРАТИЛА СО ТАКСИ Пејачката сподели фотографии и интересна случка со таксист од Загреб

Пејачката во спектакуларен фустан се возела со трамвај за да стигне на настанот ’Story Hall of Fame’ во Загреб на кој доби две награди. На враќање назад, го шармирала и таксистот

64

Пејачката Северина се појави на еден од загрепските настани и веднаш привлече внимание со модната комбинација, под која се потпиша Матија Вуица. Фустанот од чипка и тил, богат со детали и транспарентни елементи, беше парче кое едноставно беше невозможно да се пропушти.

Особено кога некој облечен вака ќе се појави во градскиот превоз. Во случајов, наводно, во трамвај со кој Северина се возела за да стигне на настанот ’Story Hall of Fame’ во Загреб.






Таа сподели одлични фотографии на кои позира во фустанот пред и на влезот од еден трамвај, како и од настанот на кој доби дури две престижни награди – за најголема регионална ѕвезда и за активизам на годината.

По завршувањето на свеченоста, пејачката се вратила дома со такси, по што на својот Инстаграм профил сподели и скриншот од пораката што ја добила од возачот кој ја превезувал: „Поздрав, ми беше задоволство вечерва да бидам ваш такси возач. Убав поздрав“.

Северина покрај објавата на фотографиите напиша:

– Тргнав со трамвај во најубавиот фустан на светот, а наш – на Матија Вуица, на ’Story Hall of Fame’. Добив две награди – за најголема регионална ѕвезда и срцето на ’Story’ за активизам на годината. Се вратив дома со такси. Ми се јави таксистот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини