📽️ 📷 СЕВЕРИНА МАРШИРАШЕ СО ЖЕНИТЕ ВО ЗАГРЕБ Пејачката доби подарок од еден маж, не можеше да ги задржи солзите

Пејачката претходно ги покани сите да се приклучат на серијата ноќни маршеви кои се одржуваа во хрватските градови, а потоа и самата се појави на тој во Загреб.

600

Хрватската пејачка Северина заедно со други жени во Загреб учествуваше на Ноќниот марш по повод Денот на жената.

Пејачката претходно ги покани сите да се приклучат на серијата ноќни маршеви кои се одржуваа во хрватските градови, а потоа и самата се појави на тој во Загреб.






„Кога мажот прави нешто, тоа е стратегија. Кога жената го прави истото, тогаш калкулира… Па, еве ја сликата. Драги мои, „мали и немоќни жени“, да им покажеме денес колку сме големи и моќни. Денес е наш ден и затоа… Сите на Женски марш!“, напиша Северина, повикувајќи ги сите на собирот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria (@gloria.hr)

И жените и мажите маршираа „во името на оние кои низ историјата покажаа како се создава движење, во името на пријателите кои обезбедуваат чувство на сигурност при излегување, во името на жените кои храбро зборуваат за насилство во канцелариите на факултетите и гинеколошки ординации, во судници, на улица и во четири ѕида, во име на работниците на ликвидирани и стечајни фирми кои упорно бараат исплата на долговите кои со децении се игнорирани.

Учесниците носеа бројни транспаренти, а слоганот на годинешниот марш беше „Феминизам и готово“.

Северина се фотографираше со учесниците, делеше прегратки, а на подарок доби дуксер со натпис „Северина – мама“, кој особено ја трогна.

– Ох, колку е добар. Па, ти благодарам многу. Прекрасна блуза. Со задоволство ќе ја носам – рекла Северина, а потоа се расплакала.

Имајќи предвид дека нејзината битка за старателството над синот е во фокусот на јавноста, пејачката истовремено стана симбол на борбата на многу жени во регионот и го користи својот профил на социјалните мрежи за да укаже на проблемите и неволјите се соочуваат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини