СЕВЕРИНА Е ВО ИСТАНБУЛ СО ВНУКАТА МИА Пејачката сподели фотографии од патувањето со ќерката на нејзината сестра
Северина ја поминува последната недела од септември во Турција, поточно во Истанбул, во друштво на својата внука Миа Поповиќ, која често ѝ прави друштво на нејзините патувања.
Хрватската пејачка Северина сподели неколку фотографии на Инстаграм од одморот кој го поминува последната недела од септември во Турција, поточно во Истанбул, во друштво на ќерката на својата сестра Маријана, Миа Поповиќ, која често ѝ прави друштво на нејзините патувања.
Таа откри дека нејзините пријатели во Истанбул ѝ ги пуштаат нејзините песни насекаде, иако на Северина тоа обично не ѝ се допаѓа, пишува Индекс.хр.
– Околу мене илјада лудаци/пријатели, кои ги пуштаат моите песни каде и да одиме во Истанбул (иако знаат дека тоа не ми се допаѓа)… но не дозволив да ми го расипе расположението. Засекогаш вљубена во животот, луѓето, песните, храната и во она што го правам – напиша пејачката.
View this post on Instagram
Северина отпатувала во Турција откако поминала неколку дена во Италија, а претходно оваа година ја посетила и Шпанија со својата внука.
Пејачката е многу блиска со својата внука, ќерката на нејзината сестра Маријана. Иако пред три години во семејството имаше конфликти што вклучуваа и физички повреди, Северина редовно ѝ посветува објави на Миа на социјалните мрежи, особено за родендени.
– Секој сон за прекрасен живот треба да има син ангел за да ги направи патиштата полесни, поубави, повесели… Тоа е мојата Мими, малата Миа Сонце Бабино, ака Миа Поповиќ – напиша Северина минатата година, додавајќи дека Миа ги носи титулите најдобра мајка, внука и сестра и дека ѝ посакува се најдобро во животот – напишала таа.