СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Мраз и студ од следната недела

Во Скопје времето ќе биде облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд.

293

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






Најстудено утрото ќе биде во Маврово, каде температурата ќе се спушти до минус 1, а најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 9 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. температурата ќе се движи од 3 до 6 степени.

Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.

Фото: УХМР
Поврзани содржини