СЕТО ОВА Е ЛАГА, ЕДНО ОБИЧНО ШОУ! Путин доживеа непријатност во окупираниот Мариупол (ВИДЕО)

Сето ова е лага, ова е само едно обично шоу - извикува некој човек со сиот свој глас додека камерите го снимаат Путин како разговара со локалните жители при неговата посета на украинскиот град.

2,079

Никој не очекувал, па ни самиот руски претседател Владимир Путин, дека среде окупираниот украински град Мариупол ќе се најде некој локален жител кој ќе собере храброст и ќе извика зборови кои ќе го заобиколат светот.

– Сето ова е лага, ова е само едно обично шоу – извикува некој човек со сиот свој глас додека камерите го снимаат Путин како разговара со локалните жители при неговата посета на украинскиот град.






Придружбата на рускиот претседател брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Путин го посети Мариупол само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Поврзани содржини