📽 СЕСТРИЧКЕ МОЈА Снимен моментот кога девојче од Газа дознава дека сестра ѝ го преживеала нападот

Сестричке моја, мила моја, вели Жури во моментот кога сфаќа дека нејзината сестра преживеала.

507

Би-Би-Си објави снимка на која се гледа повторната средба на две сестрички по воздушниот напад во Рафах во јужна Газа. Јулија, која има само 18 месеци, била извлечена од урнатините на уништената зграда и итно пренесена во болницата Ел-Најар.

Нејзината петгодишна сестра Жури, која исто така беше спасена од урнатините, веќе беше таму.






– Сестричке моја, мила моја – вели Жури во моментот кога сфаќа дека нејзината сестра преживеала.

Сестричките биле на ручек со семејството кога била бомбардирана зградата до нив. Експлозијата ја уништила куќата во која се наоѓале, рекол нивниот вујко. Девојчињата се здобиле со повреди на главата, биле преплашени и истрауматизирани, објаснил тој.

Девојчињата подоцна ја напуштиле болницата со своите семејства.

Снимката од Би-Би-Си може да се погледне тука.

Поврзани содржини