Сестрата на оскаровецот Џејми Фокс (52), ДеОндра Диксон, почина на 36-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми. Таа имала Даунов синдром, а била натпреварувачка на Олимписките игри за лица со попреченост.
Фокс се прости од својата сестра на социјалните мрежи.
„Моето срце ми е скршено на милион парчиња. Мојата убава и сакана сестра ДеОндра отиде на другиот свет. Секој што ја познаваше знаеше дека е таа е како светлина“, напиша актерот покрај нивната заедничка фотографија и додаде:
„Имавме толку многу забави во куќата, а таа дојде на подиумот и го украде шоуто. Знам дека сега е на небото и дека танцува со ангелите. Мојата болка е неверојатна. Се насмевнувам кога ќе помислам на сите прекрасни спомени што ми ги остави. Нашето семејство сега е многу лошо, но ние ќе закрепнеме со нејзината љубов. И ве молам, молете се за моето семејство.“
Странските медиуми пишуваат дека ДеОндра починала на 19 октомври. Џејми секогаш зборувал за тоа како неговата сестра имала многу позитивно влијание врз него.
– Научив како треба да живеам. Понекогаш се „уловуваме“ во својот свет во кој не е сè како што треба. И тогаш ја гледате оваа девојка. Тогаш само сакам да живеам, да танцувам, да сакам – рече своевремено актерот.
ФОТО: Инстаграм