Модната дизајнерка Тала Аламудин, сестра на познатата адвокатка Амал Клуни, деновиве се нашла на столбот на срамот и пред обвинувања на јавноста дека се обидува да профитира од коронавирусот.
Сѐ почнало кога Тала, откако многу дизајнери го сопреле производството и ги испратиле работниците дома, продолжила да работи под изговор дека шие луксузни маски за лице.
Заштитните маски ги нарекла „Le Masque“ и ги продавала 33 долари по парче, иако обичните хируршки маски за кои владее побарувачка, чинат помалку од еден долар.
Откако се соочила со критики, Тала се обидела да се одбрани:
„Кога слушнав дека нема маски и тоалетна хартија, си помислив: Не можам да направам хартија, но можам да направам маски. Само се обидoв да помогнам онака како што можам – рекла Тала за „Пејџ сикс“.
Иако нејзините маски со актуелни дезени не се медицински одобрени, ниту е потврдено дека штитат од вируси, Тала инсистира дека тие дефинитивно можат да послужат.
– Штитат максимално, иако не се медицински одобрени. Во секој случај, и ова е подобро отколку ништо – рекла дизајнерката.
Таа нагласила и дека се’ што ќе заработи од продажбата на овие маски, го донира во Црвен крст во Сингапур, каде што живее.
– Не сакам да заработам ништо. Сакам само да помогнам – заклучила Тала.
FOTO: Instagram/Fejsbuk/Printskrin