СЕСТРА МАРИЈА ВО ЗАГРЕБ ИСЦЕНИРАЛА ЛАЖЕН НАПАД ОД МИГРАНТ Признала дека сама се пробола со купен нож
Признание, камери и нож од 4 евра ја урнаа приказната за „мигрантски напад“ во Загреб, а истрагата сега ги следи и оние што ширеле паника и собирале политички поени. Сестра Марија од Малешница се соочува со можност за 3 години затвор поради лажно пријавување на кривично дело.
Крвава приказна што ја потресе јавноста во во Загреб се распаднала како кула од карти. Сестра Марија, 35-годишна монахиња, признала дека го измислила нападот што го пријавила кон крајот на 2025 година.
Според обвинението на Општинското државно обвинителство во во Загреб, таа лажно пријавила дека мигрант ја нападнал на улица во населбата Малешница, ја прободел во во стомакот и викал „Алаху Акбар“.
Обвинителството утврдило дека повредата ја нанела самата, во својот дом, со нож што го купила ден претходно во продавница во трговскиот центар Импортане Галерија. Ножот чинел 4 евра.
Камери, крв и нож
Надзорните камери ја снимиле додека го купувала ножот. Истражителите пронашле крвави траги на друга локација, но не и на местото каде што тврдела дека се случил нападот.
Обвинението се темели на нејзиното детално признание, како и на собраните материјални докази. Таа сее товари за лажно пријавување на кривично дело.
Сестра Марија се соочува со можност за 3 години затвор.
Сомнеж од самиот почеток
Интересен пресврт донеле сведочењата од манастирот. Сестрите не ѝ поверувале од првиот ден. Долгогодишниот соживот со обвинетата ги натерал веднаш да посомневаат.
Настојничката објаснила дека сестра Марија често заминувала рано и се враќала доцна, поради работата како заменик-наставничка во училиште.
– Во овие прилики користеше изговори каде оди и каде била, а другите монахињи го негираа тоа. Најчесто стануваше збор за мали работи што не предизвикуваа возбуда во манастирот – изјавила таа.
Еден од претпоставените истакнал дека монахињата е интелигентна и талентирана, но дека, „за жал, е склона кон неискреност“.