СЕРИОЗНО ТВРДЕЊЕ ОД „АСТРАЗЕНЕКА“ Нашата бустер доза го зголемува нивото на антитела против омикрон
Зголемен одговор во однос на производството на антитела е забележан кај луѓето кои претходно биле вакцинирани со „Vaxzevria“ или „mRNA“ вакцина, рече производителот на лекови, додавајќи дека тоа ќе ги обезбеди податоците до регулаторите ширум светот со оглед на итната потреба од бустер доза.
Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ соопшти дека прелиминарните податоци од студијата спроведена за нејзината вакцина против ковид-19, „Vaxzevria“ покажуваат дека, кога се дава како трета доза, таа произведува повеќе антитела против сојот омикрон и други варијанти, вклучително и бета, делта, алфа и гама.
Зголемен одговор во однос на производството на антитела е забележан кај луѓето кои претходно биле вакцинирани со „Vaxzevria“ или „mRNA“ вакцина, рече производителот на лекови, додавајќи дека тоа ќе ги обезбеди податоците до регулаторите ширум светот со оглед на итната потреба од бустер доза.
„АстраЗенека“ разви вакцина со истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, а минатомесечните лабораториски студии покажаа дека вакцината „Vaxzevria“ од три дози е ефикасна против нова варијанта која брзо се шири.
– Овие важни студии покажуваат дека третата доза на „Vaxzevria“, по две почетни дози од истата вакцина, или по „mRNA“ вакцина или неактивна вакцина, силно го подига имунитетот против ковид-19 – рече Ендру Полард, шеф на групата за вакцини во Оксфорд.
Друга голема британска студија во декември покажа дека вакцината на „AстраЗенека“ ги зголемува нивоата на антитела кога се дава како засилувачка доза по првичната вакцинација со вакцина „AстраЗенека“ или „Фајзер“, која се заснова на „mRNA“ технологијата.
Сепак, студијата заклучи дека вакцините „mRNA“ направени од „Фајзер“ и „Mодерна“ даваат најголем стимул на антителата кога се даваат како дополнителна доза.