🎥 СЕРИОЗНО ГО СФАЌААТ ВОЗЕЊЕТО – НОВИТЕ PEUGEOT 308 И PEUGEOT 308 SW Задоволство при возењето и динамично однесување на патот

Новите модели на PEUGEOT 308 се илустрација на францускиот шарм кај дизајнот на PEUGEOT: тие се првите во гамата што се опремени со осветлен амблем, вистински потпис на брендот. Новиот преден дел вклучува и нова решетка и нов светлосен потпис во форма на три лавовски канџи, за уште повеќе привлекување на внимение на патот.

291

Со децении, PEUGEOT е еден од главните играчи на европскиот пазар за седани и каравани во сегментот C, нудејќи модели познати по нивниот препознатлив дизајн, задоволство при возењето и динамично однесување на патот. PEUGEOT 308 е дел од ова наследство, рангирајќи се меѓу најпродаваните модели во сегментот во бројни земји.

Денес, новиот PEUGEOT 308 го подигнува задоволството при возење на сосема ново ниво, со спектакуларен нов дизајн, уникатни динамички квалитети, гама на погонски единици кои ги задоволуваат сите потреби на клиентите повеќе од кога било, вклучувајќи го и уште поефикасен PEUGEOT E-308, а и новта гама на услуги кои овозможуваат ова исклучително искуство да продолжи.






PEUGEOT ги нуди новите модели PEUGEOT 308 и 308 SW со четири опции за погон, како што електричниот, plug-in hybrid, hybrid и дизел, и во пет нивоа на опременост, Style, Allure, GT, како и Business и GT Exclusive.

Дизајнирани во Франција и произведени во фабриката во Mulhouse, новите PEUGEOT 308 се израз на француската извонредност.

Француска елегантност и впечатлив стил

При нивното лансирање, PEUGEOT 308 и 308 SW оставија силен впечаток со нивниот смел и елегантен дизајн. Тие беа и првите автомобили во гамата што го имаа новиот амблем на PEUGEOT. Денес се оди уште подалеку со осветлување на амблемот.

За прв пат кај PEUGEOT, осветлен преден дизајн. Навистина е впечатливо, тој дополнително го подобрува уникатниот карактер на PEUGEOT 308 и 308 SW. Амблемот на PEUGEOT, осветлен за прв пат, зазема централно место на обновениот преден дел, гордо потврдувајќи го изразот на брендот. Радарот за близина, дискретно скриен зад амблемот, останува невидлив за корисникот, а воедно обезбедува високо ниво на безбедност.

Над амблемот, сет светлечки нишки елегантно ја истакнуваат решетката и го продолжуваат осветлувањето кај PEUGEOT 308 кон новите предни светла, со што се нагласува цврста градба на автомобилот.

Обемниот став на новиот PEUGEOT 308 е нагласен со зајакнатите обемни екстензии на лаковите на тркалата од почетокот на крилата до крајот на предната страна и се протега до предните светла.

Трапезоидниот облик на долниот дел од новиот браник исто така го истакнуваат новиот PEUGEOT 308 на патот, надополнети со отворите за воздух на двата краја.

Дизајн и ефикасност

Овие отвори за воздух на краевите на новиот браник го насочуваат протокот на воздух кон внатрешноста на лаковите на тркалата, правејќи ги новите модели на PEUGEOT 308 меѓу најаеродинамичните во сегментот. Оваа оптимизација придонесува за оптимизирање на потрошувачката на гориво, а кај plug-in hybrid и електрични верзии на опсегот.

Новата решетка има боја на каросеријата, беспрекорно интегрирана во каросеријата, во согласност со најновите модели на PEUGEOT. Кај сите нови модели на PEUGEOT 308, елементите на решетката се распоредени пошироко во центарот за да се оптимизира протокот на воздух и стануваат погусти кон страните, подобрувајќи го нејзиното визуелен изглед. GT нивото на опрема стандардно доаѓа со осветлен преден дел за дополнително да го нагласи неговиот препознатлив карактер.

Поврзани содржини