Серија А: Агентите лани од клубовите земаа 187 милиони евра

Оваа сума не вклучува исплати на самите играчи на нивните агенти, кои за наведениот период изнесувале 13,6 милиони.

178

Италијанската фудбалска федерација објави извештај за трошењето на италијанските клубови за агентни услуги во 2019 година.

Вкупно, клубовите во Серија А платија 187,8 милиони евра на посредници, што е за 16,3 милиони повеќе отколку во 2018 година. Оваа сума не вклучува исплати на самите играчи на нивните агенти, кои за наведениот период изнесувале 13,6 милиони.






Јувентус плати најмногу меѓу италијанските шампионски клубови за агенти – 44,3 милиони евра. Уште три клуба потрошија повеќе од 10 милиони евра за посреднички услуги – Интер (31,8 милиони евра), Рома (23,2 милиони евра) и Милан (19,6 милиони евра).

Клубовите во Серија Б за 2019 година платиле на агентите 19,4 милиони евра, од кои речиси една третина се од Емполи кој искеширал шест милиони.

Поврзани содржини