Серена во солзи ја напушти прес-конференцијата по поразот од Осака (ВИДЕО)

Тенисерката се пожали на голем број грешки.

461

Американката Серена Вилијамс се расплака за време на прес-конференција откако ноќеска загуби од Јапонката Наоми Осака со резултат 3:6, 4:6 во полуфиналето на Австралија опен.

Тенисерката се пожали на голем број грешки, по што еден од новинарите ја праша како се чувствува по напуштањето на Австралија опен, особено со оглед на досегашната добра игра.






– Не знам – одговори Серена и со солзи ја напушти прес-конференцијата.

Во финалето Осака ќе се соочи со Џенифер Брејди (САД).

Поврзани содржини