СЕПТЕМВРИ 2027 ГОДИНА Е ПОСЛЕДЕН РОК ЗА УВОЗ НА РУСКИ ГАС ВО ЕУ Најавени високи казни за тие што нема да ја почитуваат забраната

Непочитувањето на новите правила може да резултира со максимални казни од најмалку 2,5 милиони евра за поединци и најмалку 40 милиони евра за компании или пак најмалку 3,5% од вкупниот годишен промет на компанијата на глобално ниво или 300% од проценетиот промет на трансакциите.

1

Советот на ЕУ денеска ја усвои Регулативата за постепено укинување на увозот на рускиот природен гас и течен природен гас (ЛНГ) во Европската Унија, која воедно вклучува и мерки за ефикасно следење на оваа забрана и за диверзификација во снабдувањето со енергија.

– Од денеска, енергетскиот пазар на ЕУ ќе биде посилен, поотпорен и поразновиден. Се откажуваме од штетната зависност од рускиот гас и правиме голем чекор, во духот на солидарност и соработка, кон автономна Енергетска унија – изјави кипарскиот министер за енергетика, трговија и индустрија Михаел Дамијанос по повод усвојувањето на Регулативата.






Според актот, постепената забрана за увоз на руски гас во ЕУ ќе почне да се применува 6 недели по стапувањето во сила на Регулативата. Целосна забрана на увоз на ЛНГ треба стапи во сила од почетокот на 2027 година, а на природниот гас од есента истата година.

Непочитувањето на новите правила може да резултира со максимални казни од најмалку 2,5 милиони евра за поединци и најмалку 40 милиони евра за компании или пак најмалку 3,5% од вкупниот годишен промет на компанијата на глобално ниво или 300% од проценетиот промет на трансакциите.

Дополнително, согласно Регулативата, земјите членки на ЕУ до 1 март 2026 година мора да подготват национални планови за диверзификација на снабдувањето со гас и да ги идентификуваат потенцијалните предизвици во замената на рускиот гас.

Во случај на прогласена вонредна состојба или ако безбедноста на снабдувањето е сериозно загрозена во една или повеќе земји од ЕУ, Комисијата може да ја суспендира забраната за увоз на руски гас во траење до 4 недели.

Регулативата ќе стапи на сила еден ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ, што се очекува да се случи неделава.

Инаку, паралелно со ова, Еврокомисијата планира да предложи и закон за постепено укинување на увозот на руска нафта во ЕУ до крајот на 2027 година.

Поврзани содржини