Сензитивноста на тестовите не е стопроцентна – објаснување за тоа зошто дури посмртниот тест на починатата пациентка бил позитивен
Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција објави повеќе детаљи за текот на иследувањето и лечењето на првата почината пациентка во нашата земја.
Пациентката од Куманово на прв преглед се јавила на 16 март, била со висока температура, но без кашлица и други симптоми. Во епидемиолошката анкета одговорила дека не патувала во странство и немала контакти со заразени лица. Дадена ѝ е терапија е пуштена е дома.
Веќе следниот ден дошла со синот, а дошле и на 16 март. Повторно со истиот симптом, но немале кашлица. Но, на 19 март пациентката веќе имала наод пневмонија. Таа и нејзиниот син биле сместени во болница и започнува нивното лекување.
Тогаш им се земени брисеви, но и на ден подоцна, на 20 март. Резултатите биле негативни. На 21 март состојбата на пациентката се влошува, доаѓа до компликации, направени се обиди за реанимација но без успех – таа починала.
Посмртно бил земен материјал и тестот сега бил позитивен на корона вирус. Двата претходно земени материјали пак се тестирани и пак биле негативни. Филипче објасни дека консултирале литература во врска со ова и дошле до сознание дека тестот не е стопроцентно сензитивен. Засега тоа е единственото објаснување на овој случај.