СЕНФОТ Е ДОБАР ЗА ДИЕТА, А ИМА И АНТИКАНЦЕРОГЕНИ СВОЈСТВА Во една лажичка сенф, само три калории

Позитивниот ефект на супстанциите што се дел од сенфот е докажан кога станува збор за спречување на растот на клетките на туморот, особено во случај на органите за варење. Селенот што го содржи може да помогне и во спречување на појава на напади на астма, ревматски заболувања, како и во спречување на малигни заболувања.

1,473

Сенфот е намирница без која модерната кујна не може да се замисли, иако, првиот пишан запис во кој се споменува датира од пред 5.000 години. Интересно е да се спомене дека во Новиот завет царството небесно се споредува со семето од синап, кое е во основата на пастата, односно, сенфот.

Сенфот им бил познат на Египќаните, а старите Грци и Римјани го користеле и за конзервирање. Познатиот математичар Питагора рекол дека сенфот го изострува умот.






Италијанците го консумираат со печена риба, Англичаните со говедско, а Германците со веќе традиционалните колбаси. Сепак, најпознат е оној сенф кој се прави во Дижон, во Франција.

Последните години сенфот кој до скоро беше во сенката на мајонезот и кечапот, почна да се наметнува како здрава и вкусна алтернатива на овие класични, нездрави намази.

Се разбира, ова се однесува на домашниот сенф, без вештачки бои, ароми и конзерванси.

Инаку, семето од синап спаѓа во групата растителни видови од родот Brassica во кој помеѓу другите, спаѓаат и брокулата и зелката. Овој зеленчук е познат по високиот процент на глукосинолат, состојка за која се верува дека има силни антиканцерогени својства.

Сенфот е богат и со фосфор, магнезиум, селен, натриум, витамин А, како и со протеини.

На порталот „Арт кујна“ прочитајте повеќе за сенфот, за неговите здравствени придобивки, но и за тоа како можете да го направите сами.

Поврзани содржини