СЕНАТОТ ЕДНОГЛАСНО ГО ПОТВРДИ РУБИО ЗА ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД Тој е познат по тврдиот став кон Кина и по поддршката за Израел

Републиканскиот сенатор Марко Рубио е првата номинација за кабинетот на Доналд Трамп што ја одобри Сенатот. Ова се случи само неколку часа откако Трамп ја презеде функцијата на претседател на САД.

210

Американскиот Сенат едногласно го потврди републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар на САД.

Рубио е познат по неговиот тврд став кон Кина и неговата поддршка за Израел.






Деведесет и девет сенатори гласаа „за“ кандидатурата на Марко Рубио, а ниту еден „против“.

Рубио е првата номинација за кабинетот на Доналд Трамп што ја одобри Сенатот. Ова се случи само неколку часа откако Трамп ја презеде функцијата на претседател на САД.

Рубио се спротивставува на тоа САД да развијат понатамошни зависности од Кина и верува дека американската политика треба да биде насочена кон ставање крај на војната во Украина.

Поврзани содржини