СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ ДУИ ГИ ПРИКАЖУВА КАКО ДРЖАВНИ Со лажни вести поднесоа интерпелација за заменик министерот за внатрешни
МВР и полициските службеници со највисок професионализам и во рекорден рок го расветлија случајот и го уапсија осомничениот за палењето на возилата и локалот во Куманово, изјави Фатмир Сабриу од Вреди.
Колицијата Вреди денеска на прес-конференција ја повика Демократската унија за интеграции (ДУИ) нивните, како што беше посочено, семејни проблеми да не ги прикажува како државни проблеми и да не ги прикажува како меѓуетнички тензии.
– ДУИ и овој пат, како и секојпат досега, не успеа да поттикне меѓуетнички тензии во земјава. Тие цела недела ја лажеа јавноста продуцирајќи лажни вести божем запалените возила и објектот во Куманово имаат етничка позадина. На овој начин, се обидоа да ја префрлат вината кон Коалицијата Вреди, каде меѓу другото беше иницирана интерпелација и против заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени – изјави Фатмир Сабриу од Вреди.
Како што кажа тој, МВР и полициските службеници со највисок професионализам и во рекорден рок го расветлија случајот и го уапсија осомничениот за палењето на возилата и локалот во Куманово.
– Упатуваме апел до ДУИ нивните семејни проблеми да не ги прикажуваат како државни проблеми и да не креваат прашина во јавноста околу меѓуетничките тензии – рече Сабриу.
Коалицијата Вреди, додаде тој, никогаш нема да дозволи проблемите на ДУИ да се претставуваат како општествени проблеми.
– Граѓаните треба да бидат свесни дека овие случаи се изолирани и не ја претставуваат реалноста на нашата земја. ДУИ веќе е изолирана и тоне во бездната на своите неуспеси, останувајќи само со еден партнер во криминал: Никола Груевски – рече Сабриу.
Според него, нивните 20-годишни криминали и гревови не можат да се сокријат со мрачни меѓуетнички сценарија.
– Доста се обидувате да ги користите Албанците како штит за да се спасите од затвор – рече Сабриу на прес-конференцијата.