СЕЛОТО ОГУТ Е ПОВТОРНО „ОСЛОБОДЕНО“ Патот е повторно ставен во функција
Во Општина Крива Паланка по поројните врнежи деновиве, активни се над десет свлечишта во градот, а воведена е ипривремена забрана за сообраќај на три патни правци поради настанатите свлечишта.
По шестчасовна работа на терен, екипите на Јавното претпријатие Државни патишта, секција Крива Паланка, го оспособија и ставија во функција регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав, што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река беше оштетен.
Раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат – Крива Паланка, Боби Димитровски, информира од терен дека патот е прооден и веќе сообраќаат патнички возила
– По шест часа интензивна работа, со осуммина вработени на терен и целокупната расположлива механизација успеавме да го оспособиме патниот правец за сообраќај. Надојдените води од врнежите, со наноси од дрвја и камења го блокирале одводниот канал и оштетиле дел од коловозот, што засега е фиксирано и во текот на утрешниот ден ќе се врши санација на делот од патот што водата го има оштетен – рече Димитровски.
Во Општина Крива Паланка по поројните врнежи деновиве, активни се над десет свлечишта во градот, а воведена е ипривремена забрана за сообраќај на три патни правци поради настанатите свлечишта.