СЕЛАНИТЕ НЕ ЈА САКААТ ЕВРЕЈСКАТА СЕКТА Не ги пуштаме децата во школо ако „Лев Тахор“ е уште во Лакочереј

Сите отидовме пред хотелот и му кажавме до среда напладне да си ги дислоцираат луѓето. Тој кажа дека работел на тој проблем и со туроператорот барале решение. Имаше и полиција на собирот, вели Илче Настоски, жител на селото.

848

Селаните од охридско Лакочереј се собрале сретсело на протест, а потоа пред хотелот каде престојува еврејската секта „Лев Тахор“ се заканувале дека нема да ги пуштат своите деца во училиште, ако сектата утре не си замине од селото, пишува ТВ24. Училиштето е само на 500 метри од хотелот, а селаните стравуваат децата да не им бидат киднапирани.

– Синоќа се собравме стотина луѓе спонтано. Го побаравме газдата на хотелот каде е сместена групата ’Лев Тахор‘. Газдата од за него познати причини ни рече дека не може да присуствува на собирот кој беше сред село. Сите отидовме пред хотелот и му кажавме до среда напладне да си ги дислоцираат луѓето. Тој кажа дека работел на тој проблем и со туроператорот барале решение. Имаше и полиција на собирот – вели Илче Настоски, жител на селото.






Полицијата денеска соопшти дека жена од Охрид добила кривична пријава откако во коментар повика „да се запали сектата сосе хотелот“.

Од Еврејската заедница во земјава реакциите на Лакочерејци ги оценуваат како неверојатен говор на омраза кон група на луѓе која и мирољубива и не загрозува никого.

„Една мала група на подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот сосе Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство на Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледливи последици.

Групата во која членуваат американски, канадски, белгиски и државјани на земји од Јужна Америка, до пред десетина дена престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па откако завршил престојот дошла во Македонија. Припадниците на групата повеќепати повторија дека не планираат да останат во земјава.

Поврзани содржини