Села: Зибери не може да биде народен правобранител, опозицијата треба да ја добие таа функција
Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.
После информациите кои денеска се проширија, дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, за ова коментираше Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците.
Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција е наменета за опозицијата.
Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.