Села: Сега е време за промени за фер и соодветна застапеност

Села, зборувал и за неправдите направени кон Албанците низ годините кои не се соодветно заштитени во правосудните институции.

336

Претседателот на Алијанса за Албанците, истовремено и носител на изборната листа на коалицијата Зијадин Села, денеска заедно со министерот за култура и кандидат за пратеник Хисни Исмаили, и кандидатите Аднан Незири, Илире Даути, Халил Снопче, Афан Елези и Мисир Селими остварија средби со граѓаните од населбата Цетинска во Тетово и селата Лисец и Шипковица и ја претставија платформата на коалицијата „Држава за сите“.

За време на средбите со граѓаните, кандидатот за пратеник Хисни Исмаили истакна дека Тетово страда поради недостатокот на основните услови, па затоа според Исмаили време е да се создадат нови стандарди во здравството, економијата, образованието и така натаму.






Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, рече дека е сега време за промени.

–  Сега е време за промени, почнувајќи од законот за фер и соодветна застапеност, економски понуди и економски развој –  рече Села.

Села, зборувал и за неправдите направени кон Албанците низ годините кои не се соодветно заштитени во правосудните институции.

Поврзани содржини