Села: И денеска не се усогласивме за изборите, двете македонски партии се барикадирани!
Тој истакна дека претседателот на државата Стево Пендаровски повторно ќе ги информира партиските лидери за датумот на следната лидерска средба.
Ставовите на двете македонски партии се барикадирани во врска со изборите – едната е за изборите да се одржат на крајот на јуни, а другата е да се излезе на гласање на крајот на август или на почетокот на септември, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијдин Села, веднаш по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
– Нашиот избор за одржување на изборите е 26 јуни затоа што во овој период прогласувањето на победа кон коронавирусот ќе биде ризична за граѓаните. Исто така, ДИК ќе може да ги отвори списоците за граѓаните кои наполниле 18 години и тие да имаат право да избираат и да бидат избрани. За жал, денеска не можевме да се усогласиме, ама јас ги повикувам партиите да постигнеме консензус за датумот на изборите. Јас им дадов предлог, во моментот кога ќе нема вонредна состојба, повторно да се сретнеме и да зборуваме за изборите. Сега сме многу блиску до зачленување во ЕУ, и не треба да дозволиме да бидеме оценети како држава што не ја почитува волјата на граѓаните. Треба да се оди на избори – рече Села.
Ние се усогласивме, додаде тој, да добиеме документи од три институции како што се Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија (ДИК), како и ОБСЕ/ОДИХР.
– Комисијата за заразни болести вели дека ситуацијата со пандемијата оди кон подобрување, но дека опасноста за здравјето на граѓаните е повторно висока. Констатцијата на ДИК е дека не може да ги направи изборите во рок од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Одговорот на ОБСЕ/ОДИХР е дека тие можат да ги набљудуваат изборите, но дека треба да се земат предвид здравствените протоколи, како и протоколите за отворање на границите. Сè додека границите се затворени, тие не можат да ни дадат одговор – рече Села.
Тој истакна дека претседателот на државата Стево Пендаровски повторно ќе ги информира партиските лидери за датумот на следната лидерска средба.