Села до Антикорупциска: Има ли непотизам кај вечниот Ејуп, „способниот“ зет на Бејта и браќата Бесими
Во ова време на пандемија, кога сите се соочуваме со здравствени и економски последици, ДУИ ги прави последните пресметки за споделување на владиниот колач. За оваа партија што ја претвори земјата во тиранија, малку е важна пандемијата и бројот на болни и починати од коронавирусот, тие не се грижат за сиромаштијата, високите сметки за струја, алармантната миграција, велат од Алијансата за Албанците.
– Единствената грижа на оваа партија и во оваа економска криза продолжува да биде удобноста на нивните функционери на високи државни функции. Оваа партија, која влегува во третата деценија од владата, го изгуби политичкиот смисол и чувството за функционирање. Стана приватна компанија и сопственост на раководството да назначува политички крадци, да краде и да се збогатува бесконечно, од државниот буџет и од даночните обврзници на РСМ и никогаш да не одговара за корупција и злоупотреба на службената положба. Нивните функционери како Ејуп Рустеми, кој се очекува да биде директор на Патиштата на Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од генералниот директор на Македонска пошта, по два мандати пратеник, е најлошиот пример на ДУИ што покажува дека оваа партија е малку поразлична од комунистичките партии карактеризирани со доживотни кадри. Овој пропаднат директор на Македонска пошта, се поставува прашањето со каква заслуга ја доби функцијата директор на Македонски патишта – прашува Алијансата за Албанците.
Од таму додаваат што е со предлогот на Јетон Акики, директор на АЕК, инаку зет на вечниот Невзат Бејта со што ја заслужува оваа позиција, освен што станува збор за зет на Бејта кого нивната партија го претвори во династија за членовите на нивното семејство.
-Што е со браќата Бесими? Едниот доживотен директор на Тетовската болница и другиот министер на сите министерства во земјава и на крај министер за финансии? Кој политички субјект може да биде ДУИ кога ја заснова својата политичка активност врз класичниот непотизам, спречувајќи ги младите кадри да се развиваат политички? Нема ли судир на интереси каде треба да реагира Антикорупциската комисија? Ова е ДУИ на денешницата која не се разликува од вчера, која се повикува на легитимноста на Албанците, а истовремено ги срами Албанците со „вечниот“ Ејуп, генијалните браќа и „способниот“ зет на Невзат Бејта – велат од партијата на Зијадин Села.
Алијансата бара Антикорупциската комисија и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски одговори за кадрите на ДУИ и дали се согласуваат со непотизмот на ДУИ. Алијанса прашува дали тие се професионалните кадри кои премиерот Заев постојано предупредувл дека државните институции ќе ги водат способни и докажани кадари.