СЕКСАПИЛНАТА СИДНИ СВИНИ ВО ПРОВОКАТИВНО ИЗДАНИЕ И ВО ВЕНЕЦИЈА Актерката блесна во тантелен топ, а уживаше и во романтична тура со гондола
Сидни Свини пристигна на Венецискиот филмски фестивал во архивски топ од тантела, од 2003 година, кој повеќе откриваше отколку што сокриваше, а беше фотографирана и во романтична сцена во гондола, како разменува бакнежи со своето момче Скутер Браун.
Сидни Свини пристигна во Венеција по повод 83. Венециски филмски фестивал и уште со првото појавување го привлече вниманието. 28-годишната актерка се појави во впечатлив проѕирен топ од тантела, а неколку часа подоцна вниманието го привлече и со романтичните моменти со нејзиниот партнер Скутер Браун.
Свини на пристигнувањето носеше златен топ со висок изрез околу вратот и широки бермуди во крем нијанса. Комбинацијата ја надополни со проѕирни чевли со висока потпетица, мала чанта, очила за сонце и златен накит. Но, интересен детал е што топот не е нова креација – станува збор за архивски модел на либанскиот дизајнер Жорж Чакра од неговата колекција висока мода за пролет/лето 2003 година.
View this post on Instagram
Актерката во Венеција пристигна во својство на амбасадорка на Armani Beauty, официјалниот козметички партнер на филмскиот фестивал. Во текот на денот таа имаше неколку јавни појавувања, а навечер присуствуваше на гала-вечерата на Armani Beauty во Кралските градини во Венеција.
Најголемо внимание, сепак, привлече нејзината врска со Скутер Браун. Двојката беше фотографирана за време на романтична тура со гондола низ каналите на Венеција. На една од фотографиите Свини го бакнува Браун, држејќи го за образите, додека на други снимки тие се гледаат насмеани, прегрнати и блиски. Подоцна се фотографирани и како се држат за раце додека шетаат низ градот.
За нив двајца Венеција има посебно значење. Токму таму во јуни 2025 година првпат беа видени заедно, на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Неколку месеци подоцна почнаа шпекулациите дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, а во текот на 2026 година нивната врска стануваше сè појавна. Во април годинава тие практично ја потврдија врската и јавно, кога се појавија заедно на премиерата на третата сезона на „Euphoria“.
Во последните месеци Свини и Браун сè почесто се појавуваат заедно, а неодамна актерката беше забележана и во друштво на неговите деца. Браун има три деца од претходниот брак со Јаел Коен. Странските медиуми забележуваат дека нивната врска постепено станува сè посериозна и дека двајцата повеќе не се обидуваат да ја кријат од јавноста.
Навечер Свини и Браун повторно се појавија заедно, овојпат на забавата на Armani Beauty. Актерката за таа прилика избра целосно поинаков изглед – проѕирен црн фустан со светкави детали од архивската колекција на Џорџо Армани од 2000 година, додека Браун носеше елегантен костум со риги. На црвениот тепих Свини се појави сама, но двајцата беа фотографирани како се држат за раце при влегувањето на забавата.
Посетата на Венеција за Свини доаѓа во период исполнет со професионални и приватни промени. Актерката неодамна ја промовираше и својата линија долна облека Syrn.
View this post on Instagram