Британската манекенка и актерка Емили Ратајковски им соопшти на многубројните следбеници на социјалните мрежи дека пред четири дена го донела на свет своето прво дете – синот Силвестер .
Манекенката на Инстаграм објави прва фотографија од новороденчето, на која го дои и напиша дека бебето е родено на 8 март.
„Силвестер Аполо Бер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година, на најнереалното и најубавото утро во мојот живот“, напишала Емили.
Таа претходно објави дека нема да го открие полот на своето дете сè додека тој не стане возрасен. Емили и Себастијан Беар-Меклард се во брак од 2018 година, а својата бременост ја објави во октомври 2020 година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм