СЕКС СКАНДАЛ ВО КРАЛСКИОТ КЛУБ Уапсени се четворица фудбалери на Реал Мадрид, злоставувале малолетничка?!
Еден од четворицата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео со малолетна девојка, а потоа го споделил со другите, мајката на малолетничката ги пријавила во полиција.
Четворица засега неименувани фудбалери на Реал Мадрид се уапсени под обвинение дека споделиле сексуално видео со малолетна девојка, објави Ел Конфиденсијал.
Тие биле пријавени на 6 септември на Канарските острови од мајката на малолетничката, а вчера биле приведени во полиција.
Мајката наводно изјавила дека еден од четворицата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео, а потоа го споделил со другите.
Се нагласува дека истрагата ќе биде проширена и дека би можеле да бидат инволвирани и други играчи на мадридскиот тим.