🎥 СЕКС-СКАНДАЛ СРЕДЕ СЦЕНА На грчкиот евровизиски победник Сакис Рувас му се скинаа панталоните на меѓуножјето
На концерт во Лариса, додека енергично танцувал и ја забавувал публиката, панталоните на Рувас се скинаа директно на меѓуножјето.
Грчкиот пејач Сакис Рувас беше најголемата ѕвезда на Евровизија. Иако поминаа 20 години од неговиот триумф на европскиот музички натпревар, тој сè уште е еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена.
Сакис Рувас минатата недела доживеал неочекуван момент на сцената кога панталоните му се скинале на меѓуножјето во текот на концерт.
На концерт во Лариса, додека енергично танцувал и ја забавувал публиката, панталоните на Рувас се скинаа директно на меѓуножјето.
Иако видел што се случило, не го прекинал настапот, ниту пак, му пречело што целиот прв ред го снимал.
@manostsampasi #sakisrouvas #fyp #rouvaslive #concerts #larissa @Sakis Rouvas ♬ original sound – Manos Tsampasi
Снимките од инцидентот набрзо ја преплавија ТикТок и предизвикаа бројни коментари. Додека некои обожаватели воодушевено реагираа и ја пофалија опуштеноста на Рувас, други изразија сомнеж дека сè е однапред смислено.
Сакис е познат по тоа што сака да ја шокира публиката и често го користи својот изглед и сценско присуство за да привлече внимание. Затоа многумина веруваат дека пукнатите панталони можеби биле дел од планот за да се предизвика дополнителен интерес.