СЕКС-МАПА НА СВЕТОТ Како и колку се сексаат луѓето во различни земји
Бразилците се најиздржливи, Французите најбрзи, Англичаните имаат фетиши, во Тајланд е нормално да изневеруваш, Јапонците имаат најмалку секс, Романците се плашат од болести, Полјаците сакаат „од страна“...
Како, колку и зошто се сексаат луѓето од земјите во светот? Статија на 24сата открива што љубат најмногу да прават различните националности и што се смета за традиција, а резултатите се збир на повеќе светски истражувања и анкети. Некои од нив ќе ве насмеат, а некои можеби и ќе ви бидат познати. Статијата сепак не кажува какви се Македонците во сексот, додека нашите соседи Грци ги смета за буквално најразиграни во своите секс-навики.
Јапонија – Секс најмногу еднаш неделно
Само 34 отсто од луѓето во Јапонија имаат секс еднаш неделно, што ги прави сексуално најнезадоволни во светот, покажа истражувањето на Дурекс. Долгото работно време е поврзано со недостаток на физички контакт помеѓу сопружниците.
Грција – Разигран секс
Во Грција, 87 отсто од луѓето имаат секс најмалку еднаш неделно, според Дурекс – повеќе отколку во која било друга земја. Тие беа најдобри во една студија која ги опфати сексуалните навики на 30.000 луѓе од 26 националности.
Франција – Секс „набрзинка“
Според истражувањата, Французите сакаат краток секс. Нешто повеќе од половина француски мажи можат да го продолжат сексот со одложување на ејакулацијата, а само шест отсто ќе траат дури 13 минути.
Норвешка – најсилните оргазми
Норвешка е навикната на студените денови, но се чини дека е и светска престолнина на оргазмите, според компанијата за сексуални играчки Лело. Дури 35 отсто од Норвежаните рекле дека доживуваат оргазам секој ден.
Обединетото Кралство – предигра и фетиши на нозе
Британска анкета за секс покажа дека 1,5 милиони луѓе во Велика Британија имаат фетиш за стапала, а Манчестер е градот каде прстите од стапалата најмногу се цицаат во Велика Британија. По него следува Лидс, а потоа Шефилд. Луѓето во Шефилд се и светски лидери во предиграта.
Белгија – Жената „јава“ и има контрола
Позата во која жената е на мажот и се соочува со него е најпопуларната сексуална поза во земјата во која се обожава пиво, покажа истражувањето на медицинскиот сајт на д-р Ед.
Полска – Пенетрација од страна
Спунинг (spooning) е секс-позиција во која партнерите лежат странично, а мажот е зад жената. Се покажало дека им е омилена поза на Полјаците.
Русија – Секс само на „Денот на зачнувањето“
Руската влада го прогласи 12 септември за „Ден на зачнувањето“, охрабрувајќи ги двојките да останат дома и да имаат секс. Паровите кои ќе добијат дете девет месеци од тој ден добиваат награда од државата.
САД – Секс во тројка
САД се вистинското место за оние кои сакаат да пробаат секс во тројка. Според апликацијата за запознавање 3somer, Њујорчаните имаат најголем апетит за секс со двајца партнери, а потоа следуваат луѓето од Лос Анџелес и од Чикаго.
Еден од девет Американци бил во полиаморна врска – врска во која има повеќе луѓе кои имаат секс едни со други со согласност на сите инволвирани. Академското списание Frontiers in Psychology пишува дека дури еден од шест Американци би сакал да проба ваква врска.
Романија – Страв од сексуално преносливи болести
Околу 40 отсто од Романците веруваат дека сексуално преносливите болести можат да се пренесат од човек на човек ако користат јавен тоалет, вели Глобалната анкета за секс.
Бразил – Мажите издржуваат и до 30 минути
Бразилците, кои просечно траат околу 30 минути активен секс, се светски освојувачи на златен медал во сексуална издржливост. Но, 44 отсто од Бразилките признаваат дека го глумат оргазмот, вели Атласот на пингвините за сексуално однесување кај луѓето.
Германија – Обожаваат нудизам
Една третина од Германците го сакаат нудизмот, а нацијата има повеќе свингер-клубови од која било друга земја во Европа. Пингвинскиот атлас пишува дека на дури 23 отсто од Германците добиваат им мирисаат пазувите.
Нов Зеланд – Жените имаат најмногу партнери
Страсните жени во Нов Зеланд уживаат во богато и разновидно време поминато во сексуални активности, со просек од 20,4 сексуални партнери во текот на нивниот живот. Тоа е најголемиот број партнери меѓу жените во светот, според Condoms.uk.
Австрија – Мажите имаат најмногу партнерки
Истражувањето откри дека австриските мажи имаат најголем број сексуални партнери во светот во текот на нивниот живот, во просек 29,3, според студијата на Condoms.uk.
Тајланд – Мамењето е скоро дозволено
Повеќе од половина од тајландското население признава неверство, вели Дурекс. Имањето љубовница е дел од тајландската култура со векови, и постои модерен тренд каде мажите и жените имаат дополнителни „пријатели“ – не секогаш за секс.
Кенија – Најверните во светот
Според глобалниот извештај за родителите, State Of The World’s Fathers, мажите во Африка се со поголема веројатност да имаат деца со две жени или повеќе од остатокот од светот. Но, мажите од Кенија се на врвот на списокот на најлојални на континентот.
Италија – Орален секс и храна
Повеќе од 80 отсто од Италијанците уживаат во орален секс, покажа студија од 2019 година. Четвртина од италијанските парови заедно гледаат порнографија, а 24 отсто користат сексуална помош или храна за возбудување. Речиси половина од паровите таму имаат секс два до три пати неделно.
Индија – Мразат кондоми
Истражувањето на ДУРЕКС покажа дека 95 отсто од Индијанците не користат кондоми, што доведе до разговор на Твитер под хаштагот #HateCondoms со прашањето зошто. Испитаниците сугерираат дека ова ја намалува интимноста и дека во таквиот секс има „недостаток на чувство“ на интимните делови од телото.
Кина – Имаат најмалку оргазми
Според истражувањето на Дурекс, Кинезите имаат најмалку оргазми во светот, а околу 76 отсто од луѓето не можат да доживеат оргазам секој пат кога имаат секс.