СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО ПОГОДЕНО ВО ТРАГЕДИЈАТА ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ДОБИЕ ПО 150.000 ДЕНАРИ Трошоците за лекувањето на пациентите во целост ги покрива државата
Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролот на Владата Марија Митева.
Сите трошоци за лекување на повредените во трагедијата ќе бидат покриени од државата, обзнани портпаролот на Владата Марија Митева на прес-конференција денеска. Таа рече и дека секое семејство погодено во трагедијата во Кочани за почеток ќе добие 150.000 денари финансиска поддршка.
– Воедно, во овој момент бевме информирани од Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме сè што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата – изјави Митева.
Во однос на средствата за транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство Митева потврди дека таа обврска ја покрива Владата.
Портпаролката информираше дека се згрижени 180 лица од семејствата на повредените кои се лекуваат во странство.