СЕКОЈ СТУДЕНТ ЌЕ ДОБИЕ 250 ЕВРА ЗА ДА СИ КУПИ ЛАПТОП Услов е да биде заверен семестарот

Мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55.000 студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, порача премиерот Христијан Мицкоски.

1,259

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави:

– 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е студентите да имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди. Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи. Така што еве, сите оние коишто, политички партии коишто во паузата од некрофилија, рефлектираат и ваков тип на дилеми во јавноста, еве ја користам оваа прилика да ги разубедам и да им кажам да бидат спокојни. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии Вреди, коалицијата Вреди, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме. Така што еве, за овие година дена мислам дека успеавме многу од тие лоши работи, еден од тие е и овој објект, да ги санираме. Мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55.000 студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини