СЕКОЈ ПЕТТИ ПРОИЗВОД ОД РИБА И МОРСКИ ПЛОДОВИ Е ЛАЖЕН Во рестораните дури 30% од овие производи се такви
Вакви тврдења за производите од риба, изнесе Организацијата за храна на Обединетите нации по спроведено истражување.
Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) објави податоци според кои речиси еден од пет производи од риба и морски плодови што се продаваат во светот би можеле да бидат лажни на некој начин.
Организацијата во последниот извештај тврди дека сомнителните практики како што се лажното етикетирање и фактот дека производите на растителна основа се претставени како автентични се широко распространети речиси насекаде.
„Нема официјална проценка за тоа колку е распространета измамата во глобалниот сектор за рибарство и аквакултура вреден 195 милијарди долари, но емпириските студии покажуваат дека 20 проценти од трговијата би можеле да бидат дел од некаков вид измама“, се вели во соопштението на ФАО.
Во него се предупредува дека кога станува збор за јадење во ресторани и во угостителски објекти, ризикот би можел да биде повеќе од 30%.
„Измамата е особено распространета во рестораните и угостителските објекти, каде што визуелниот дел е многу привлечно, како и во случај на преработени производи, каде што видот на риба и морски плодови што се користат може успешно да се прикрие“, објасни ФАО.
Според организацијата за храна, економските стимулации се најраспространетиот двигател на измами со риба.
Како пример се наведува продажбата на атлантски лосос како пацифички лосос „остварува профит од речиси 10 долари по килограм“, бидејќи поголемиот дел од лососот со атлантски бренд се одгледува на фарма, додека пацифичката алтернатива најчесто се лови во дивината.
Постојат многу видови измами, тврди ФАО, споменувајќи фалсификување, што значи додавање одредена боја за рибите како туната да изгледаат посвежо.
Друга практика се однесува на фалсификување. Ова се однесува на правење имитации на ракчиња од состојки на база на скроб, додека симулацијата се однесува на измами како што е пакување сурими за да изгледа како месо од рак.
Исто така, постои директна размена на видови, што значи дека слатководните тилапија риби, кои се поевтини и имаат поблаг вкус, се продаваат во рестораните како поскапи и побарани црвени снапери.
Од ФАО забележуваат дека „измамите со риба“ се побројни од измамите со месо, овошје или зеленчук.
„Глобалното ниво на потрошувачка на риба, кое е насочено кон над 12.000 видови морска храна, разновидноста на видовите измами и отсуството на стандардизирани регулаторни или законски дефиниции за измама го отежнуваат правењето глобални проценки“, се вели во извештајот на ФАО.