СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕТЕ БАРЕМ ПО ЕДНА УРМА! Зошто треба да се јадат урми?
Има многу причини зошто треба секој ден да се јаде барем по една урма. Освен што имаат големо влијание во лекувањето на ракот за што е заслужен селенот што го содржат, урмите содржат и лутеин и зеаксантин кои се вбројуваат во групата на каротеноиди, а кај луѓето делуваат како антиоксиданти и ја штитат ретината од можните оштетувања
Урмите се особено значајни за вегетаријанците затоа што содржат некои важни материи за организмот кои не можат да се најдат лесно во намирниците од растително потекло, како што се на пример, „витамините за очи“ и селенот.
Урмите се кај нас достапни најчесто во сува форма, но има и пакувања со свежи, меки ирански урми кои ќе ве освојат на првиот залак. Сепак, без оглед на формата во која ќе ги консумирате, вашиот организам ќе ви биде благодарен за тоа.
Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.