СЕГА НУДАТ ДА ГИ НАМАЛАТ ЦАРИНИТЕ НА НУЛА, АМА Е ПРЕДОЦНА Трамп односите со Индија ги оцени како еднострани

Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна. Тоа требаше да го сторат пред години, објави претседателот на САД, Доналд Трамп.

170

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа Трут соушал објави дека Индија предложила да ги намали до нула царините за американските производи.

„Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна. Тоа требаше да го сторат пред години“, објави Трамп.






Тој билатералните односи на САД со Индија ги оцени како „еднострани“.

Амбасадата на Индија во САД сè уште не ја коментираше објавата на Трамп.

САД воведоа вкупна царина од 50 проценти за индиските производи.

Поврзани содржини