СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ТОА Зеленски сакал да отпатува во Израел, му рекле да почека

225

Украинскиот претседател Владимир Зеленски сакал да го посети Израел за да изрази солидарност во врска со војната, но му било речено дека сега не е вистинското време, објави Тајмс Оф Израел.

Уште на 7 октомври, по ненадејниот напад на Хамас со кој започна војната, Зеленски ја обзнани целосната поддршка на Украина за Израел






– Затоа ги повикувам сите лидери да го посетат Израел и да ја покажат својата поддршка за народот. Не зборувам за какви било институции, туку за поддршка на луѓето кои настрадаа од терористички напади и денеска гинат – рече украинскиот лидер минатата недела.

Во исто време, Зеленски очигледно се жалеше дека новата ескалација на Блискиот Исток го украде центарот на вниманието од Киев, при што украинскиот конфликт исчезна од западните медиуми и наместо тоа му отстапи место на Израел.

– Ако меѓународното внимание се оддалечи од Украина, на овој или оној начин, тоа ќе има последици. Судбината на Украина зависи од единството на остатокот од светот – изјави тој во интервју за France 2 минатиот вторник.

Поврзани содржини
na