„СЕГА И ДРУГИОТ MOЖЕ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРИЗНАНИЕТО“ Без обвинение осомничените за убиството на Данка ќе бидат набрзо пуштени?
Тој рок (за истрагата и за покренување обвинение) истекува за два, два ипол месеци и ќе треба да ги пуштат, вели адвокатот Тома Фила за Мондо.
Постои можност осомничениот Дејан Драгијевиќ да го повлече признанието дека ја убил малата Данка, откако другиот осомничен Срѓан Јанковиќ го стори тоа во понеделникот пред обвинителството во Заечар во Србија. Ова го тврди познатиот српски адвокат Тома Фила за Мондо.
– Може да каже дека ја признал својата вина поради тепањето и затоа што се плашел од тепањето. Може да каже дека неговиот брат бил убиен од тепањето и дека смртта на неговиот брат е доказ дека тој оправдано се плашел.
Фила посочува дека секое признание мора да биде поткрепено со докази и дека ако не е придружено со докази, тоа не значи ништо.
– Да го бранам, би прашал дали е можно да задавите дете, па да го ставите во багажникот да искрвари, а да нема трага. Секој експерт ќе ви каже дека тоа е невозможно, и во таа смисла признанието тогаш е невозможно – ни рече Фила.
За разлика од Драгијевиќ, кој го призна делото и пред обвинителството и пред полицијата, осомничениот Срѓан Јанковиќ во понеделникот пред обвинителството рече дека никогаш не ја видел Данка во животот и го повлече своето признание на делото во полицијата.
Адвокатот Фила напоменува дека рокот од 6 месеци, колку треба да трае истрагата и колку време е потребно да се подигне обвинение, наскоро истекува.
– Тој рок истекува за два, два ипол месеци и ќе треба да ги пуштат – вели Фила.
Осомничените Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука биле работници и колеги во ЈКП „Водовод“ во Бор. Радослав Драгијевиќ (73), таткото на Дејан, беше уапсен на 6 април под сомнение дека му помогнал на синот Дејан да го премести телото на девојчето кое претходно, по сопствено признание, го удавил со раце.
– Ивица Дачиќ сега е нов министер за внатрешни работи, тој мора да воведе ред во оваа истрага. Треба да истражи дали полицијата си ја завршила работата како што треба. Смртта на братот на Дејан Драгијевиќ им дава можност на сите осомничени да се ослободат. (Дејан) може да каже дека тој (братот на Драгијевиќ) е жртва на полициски терор – ни вели Фила.
Неговиот втор син Далибор (40) е уапсен со Радослав, кој почина само еден ден подоцна во просториите на ПУ Бор за време на притворот.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, почина на 15 мај во куќата на соседот. Таткото беше ослободен од притвор.