СЕГА ДОБИЛЕ НОВИ 72 ШИШИЊА Децата на британското кралско семејство се крстат со специјална вода (ФОТО)

Синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи, бил последното кралско бебе кое било крстено на ваков начин во 2019 година.

804

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер-Боулс во моментот се во посета на Јордан каде на подарок добиле 72 шишиња вода од реката Јордан, ки се користат за крштевање на кралските деца.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол завчера направиле личен аџилак во областа покрај реката Јордан на границата со Израел каде, според Библијата, Јован Крстител живеел и го крстил Исус.






Милиони туристи и аџии тргнале на патување до местото кое се смета за едно од најсветите во целото христијанство. Локалитетот во 2015 година беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Јорданскиот кралски двор обично испраќа шишиња кога британското кралско семејство ќе побара дополнување. Синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи, бил последното кралско бебе кое било крстено на ваков начин во 2019 година.

Сиена, ќерката на принцезата Беатрис, веројатно ќе биде првото бебе кое ќе биде крстено со новата залиха вода од реката Јордан.

ФОТО: ЕПА

Поврзани содржини