СЕДУММИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле „тамче“ и „ауди“ на автопатот Тетово – Гостивар
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, а возачот на „тамчето“ и неговите сопатници од велешко Јаболчиште се здобиле со телесни повреди.
Седум луѓе се повредени при судир на две возила околу полноќ на автопатот Тетово-Гостивар во близина на Горно Седларце. Во сообраќајката учествувале товарно возило „там“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово – информираат од СВР Тетово.
По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.