Седум починати и 416 новозаболени со ковид-19 во последните 24 часа
Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на ковид-19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.
Од министерството соопштија дека се регистрирани се 278 оздравени пациенти од Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Можеби ќе ве интересира
Направените 2.705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-52, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-6, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 42.009, активни 2.818, Куманово 5.329, активни 240, Тетово 5.234, активни 210, Прилеп 4.746, активни 230, Гостивар 3.682, активни 122, Штип 3.552, активни 79, Битола 3.304, активни 127, Велес 3.244, активни 218, Охрид 2.995, активни 352, Кавадарци 2.864, активни 379, Струмица 2.608, активни 147, Струга 2.303, активни 159, Кочани 1.767, активни 57, Кичево 1.745, активни 76, Свети Николе 1.097, активни 25, Гевгелија 1.060, активни 100, Неготино 1.017, активни 73, Дебар 777, активни 53, Ресен 769, активни 64, Крива Паланка 755, активни 45, Радовиш 737, активни 49, Делчево 692, активни 205, Берово 617, активни 34, Пробиштип 517, активни 16, Виница 503, активни 26, Валандово 333, активни 10, Демир Хисар 254, активни 11, Македонски Брод 249, активни 10, Кратово 245, активни 21, Богданци 228, активни 6, Крушево 227, активни 37, Демир Капија 226, активни 45, Македонска Каменица 192, активни 4, Пехчево 183, активни 4 и Дојран 92, активни 12.