Седницата за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ доцни, го чекаат Талат Џафери да се врати од Сарај
Од Собранието велат дека освен претседателот Џафери на овој настан присуствувале и неколку пратеници поради што се случило задоцнувањето, но дека за кратко време се очекува да почне пленарката.
Седница на Собранието на која треба да се расправа и за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии доцни час и половина поради отсуство на претседателот на парламентот Талат Џафери кој имал свое обраќање на отворањето на компексот Планет во Сарај.
Од Собранието велат дека освен претседателот Џафери на овој настан присуствувале и неколку пратеници поради што се случило задоцнувањето, но дека за кратко време се очекува да почне пленарката.
Прво, како што не информираа од Собранието, пратениците треба да расправаат за предог законот за изменување и дополнување на Буџетота за 2021 година и за повеќе предлог закони и барања за давање на автентично толкување на членови од закони.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“.
Според Мицкоски прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.
– Колку што имам информација резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори, очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство кое што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава – рече синоќа Мицкоски.
Пратениците, како што не информираа од Собранието, денеска треба во второ читање да ги разгледаат и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, потоа предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста. По скратена постапка на дневниот ред се и предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството и други.