СЕДНАЛ ДА ВОЗИ ПИЈАН, ЗАВРШИ ВО АПС Возел со 2,41 промили алкохол во крвта

Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за делото Безобѕирно управување со моторно возило, соопшти полицијата.

109

На улицата Елена Ѓика во Дебар вчера во 17.35 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.М.(51) од дебарското село Могорче.

При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал С.М. и со алкотестирање констатирале дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.






„Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за делото Безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини