СЕДЕЛА НА КЛУПАТА 45 МИНУТИ, БОМБАТА ЕКСПЛОДИРАЛА НЕКОЕ ВРЕМЕ ОТКАКО ЗАМИНАЛА Ова е жената-бомбаш по која се трага?

Во директното обраќање на телевизија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган прв го осуди „кукавичкиот напад“.

2,379

Шестмина загинати и 81 повредено лице покажува последниот извештај по експлозијата што се случи денеска попладне во Истанбул, Турција, која турските власти ја сметаат за терористички напад, кој го извршила жена.

– Жената која ја оставила чантата седела на клупата 45 минути. Некое време откако станала, дошло до експлозија – изјави министерот за правда Бекир Боздаг во интервју за ТВ канал.






Според него, сите терористички организации се поддржани од надворешни сили.

– Се води војна против Турција – нагласи министерот.

Министерството за правда нема информации за организаторите на нападот.

Во директното обраќање на телевизија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган прв го осуди „кукавичкиот напад“.

– Првите информации укажуваат дека се работи за тероризам. Сторителите на овој кукавички напад ќе бидат разоткриени. Нашите сограѓани нека бидат сигурни дека виновниците ќе бидат казнети – рече претседателот на државата, додавајќи дека „најверојатно е вмешана жена“.

Вечерва никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Поврзани содржини
na