СЀ ЗАВИСИ ОД ТОПЛОВОДОТ НА МОСТОТ БЕЛАСИЦА Парното може да ги изгори скопјани оваа сезона

Првиот човек на РКЕ, појасни дека новата цена на парното ќе се соопшти откако се постави топловодот на мостот Беласица за да може да се користи топлинската енергија од ТЕ-ТО, која е поевтина од другите топлани, а до новата цена граѓаните ќе плаќаат по ланската.

644

Ако не се постави новиот топловод на мостот Беласица, граѓаните ќе се соочат со високи цени за парното греење, изјави денеска на семинар со новинарите претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Тој појасни дека новата цена на парното ќе се соопшти откако се постави топловодот на мостот Беласица за да може да се користи топлинската енергија од ТЕ-ТО, која е поевтина од другите топлани.






– Додека не видиме дека таму се почнати активности за поставување на нови цевки, ние како Регулаторна комисија за енергетика нема да донесеме одлука бидејќи тој цевковод ни е многу важен. Од тој цевковод ќе може поголеми количини на топлинска енергија да дојдат во западниот дел на Скопје. ТЕ -ТО’ ни е важен бидејќи 60 отсто од топлинската енергија ја обезбедуваме од него, а 40 од топланите во Скопје. И затоа додека не видиме дека се почнати активности, нема да донесеме одлука, кој сака нека трпи загуби, тоа е нивни проблем –рече  Бислимоски.

Тој не сакаше да лицитира со цената на парното, но рече дека притоа треба да се има предвид позајмицата од владата од 6 милиони евра.

-Дали тоа ќе биде веднаш или ќе се договори да биде за период од две или три години ќе видиме – појасни Бислимоски.

Сепак тој појасни дека додека не се донесе нова цена граѓаните ќе го плаќаат парното по стара цена.

Поврзани содржини